Деветнаесеттата емисија обврзници за денационализација

Bez autora
Feb 11 2021

Државата ја емитуваше Деветнаесетта емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 11,5 милиони евра, со која ќе се обесштетат сите со правосилни решенија за денационализација од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година, каде надоместот е утврдено да се врши преку обврзници, соопшти Министерството за финансии.

Средствата кои се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десет годишни рати со годишна камата од 2%. Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното пристигнување според условите, начинот и постапката кои ги утврдува Владата.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik